Почина еден од најомразените и најсурови ликови на 20-ти век


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Чарлс Менсон, култниот водач на хипи групата која живееше во околината на Лос Анџелес ,познат по своите хипнотизирачки очи како и по убиството на Шерон Тејт, тогашна сопруга на режисерот Роман Полански, почина на 83 годишна возраст.

Во Керн Каунти болницата според извештајот на полицијата тој почина од природна смрт и спокојно. Човекот кој беше прогласуван за луд и полн со злоба во себе со извитоперени мисли кон светот и постоењето ќе остане запаметен како лик кој нема никој да изусти ниту збор сочуство и тага. Тој помина во затвор скоро 50 години.

Не е познато каде ќе биде закопан, ниту пак дали ќе биде кремиран. Неговотот злосторство го има во стотици книги, повеќе од 20 документарни филмови и дузина играни филмови.