Home Шоубизнис Победниците на Евровизија по враќањето во Италија ќе бидат подложени на тест за дрога

Победниците на Евровизија по враќањето во Италија ќе бидат подложени на тест за дрога

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) соопшти дека пејачот Дамиано Давид од италијанската рок група „Манескин“ која минатиов викенд победи на Евровизија, доброволно ќе направи тест за дрога по враќањето во Италија.

На еден кадар од ТВ-преносот, гледачите забележаа дека се чини оти Давид шмрка кокаин од масата, иако никаде не се гледа кокаинот. На кадарот се гледа како Давид се наведнува на масата, а за тоа тој вели дека се наведнал оти еден од членовите на бендот скршил чаша крај неговите нозе.

На прес-конференцијата после шоуто, Давид строго негираше дека се дрогира.

„Томас скрши чаша. Јас не користам дроги“, рече тој.

Бендот и на Инстаграм објави дека се против користење дроги и оти никогаш не земале кокаин.

„Подготвени сме да бидеме тестирани. Ништо не криеме“, напишаа тие.

ЕБУ преку соопштение пренесе дека се свесни за шпекулациите кои се појавија по видеоклипот, и дека уште вечерта побарале од победниците да бидат тестирани, но тоа не можело технички веднаш да се организира.

„ЕБУ може да потврди дека има парчиња од скршено стакло под масата. Ние и понатаму внимателно ја прегледуваме снимката и ќе излеземе со нови информации“, велат тие.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …