По 15 години, легендите од Lord Of The Rings повторно се собраа заедно


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поминаа 15 години од почетокот на епското патување на Фродо и Сем во нивната голема авантура во Lord Of The Rings, па оваа симболична јубилејна бројка се чинеше како пригоден момент да се направи едно „каде се сега тие“ потсетување за славните актери и ликови од мега популарниот филмски серијал.

За среќа, актерот Доминик Монган, во филмот познат како Мери, објави фантастична фотографија која ја заврши сета работа за потсетување каде се и како изгледаат актерите од популарната филмска франшиза, на која повторно се обединети дел од глумците.

Повторно заедно. Добро, не комплетната „Дружина на прстенот“ (The Fellowship of the Ring), но главните фаци се тука – Виго Мортенсен (Арагорн), Орландо Блум (Леголас), Били Бојд (Пипин) и Илајџа Вуд (Фродо).

Добро, нормално дека сите подостареле, сепак, 15 години се во прашање. Освен…можеби Илајџа Вуд? Не ви изгледа некако исто? Еднакво млад? Како навистина уште да го има Прстенот… 😉