Плејбој зајачици некогаш и сега: 7 убавици го оживеаја нивните секси насловни од Playboy


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Сопственикот на Плејбој, Хју Хефнер се води според мотото „Еднаш плејбој зајачица, секогаш плејбој зајачица“ и тоа го докажал кога повикал 7 поранешни девојки од насловните страни, кои сега имаат 40, 50 па дури и 60 години, да ги рекреираат фотографиите од насловните страни, снимени пред неколку децении. 25-годишниот Купер Хефнер, син на славниот Хју, кој е главен креативен директор на Плејбој списанието е иницијатор на оваа идеја.

На 60-годишната Кендис Колинс и било чест да позира во розев костим за капење, за да ја обнови насловната фотографија од февруари 1979 година.

Рене Тенисон се сеќава на контроверзиите околу неа, поради тоа што била првата Афроамериканка што се фотографирала за Плејбој, а воедно и станала зајачица на годината во 1990.

Лиса Метјус ја фрлила нејзината облека и позирала само со сламен шешир. Сега 47-годишната Лиса со радост се сеќава како луѓето и приоѓале и и велеле дека ја виделе нејзината фотографија на насловна страна на „национално списание“.

Синот на Хефнер дури ја повикал и неговата мајка Кимберли Конрад Хефнер, да ги рекреира фотографиите од 1988 година. Тој сакал ова да биде подарокот за неговата мајка за денот на мајките.