Мурињо ги „провоцира“ во Барса: „Ајде да се трампаме“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Не е тајна, Ернесто Валверде го сака Андер Ерера. Тој го тренираше во Баскија, прв му укажа доверба, има супер мислење за него и верува дека одлично би се вклопил во Барселона.

Каталонците го сакаат и Марез, но Ерера би може да игра дефанзивец и со то би му дал нов опции на Валверде кога е формацијата во прашање. Доскорешниот тренер на Билбао смета дека Барселона треба да се врати на поседот како на основен принцип и да доминира токму со играта базирана на додавања. А во таквиот пристап Ерера би бил непроценливо значаен.

Но, во Манчестер Јунајтед одбиваат да го продадат овој фудбалер кој од вториот дел од минатата сезона се наметна како партнер на Погба на средината од теренот. А сега, наводно, Мурињо сака да го трампа Ерера за да си ја реши најчувствителната позиција во тимот.

Според тврдењата на некои шпански медиуми, Манчестер Јунајтед би се согласил да го даде Ерера на Барса како замена за Жорди Алба. Левиот бек е голем проблем за „Црвените ѓаволи“, а Португалецот нема доверба во Шо, додека на пазарот понудата на леви бекови е многу мала, практично сите големи клубови го имаат решено тоа прашање и никој не сака да се откаже од својот адут.

Дали размената е можна?

Дали Мурињо смет адека полесно ќе најде нов партнер за Погба? Тој ги сака Матиќ или Бакајоко, а се зборуваше и за Наинголан. Меѓутоа, тешко е да се направи оваа трампа, бидејќи обично се запнува околу процената на играчите.

Во секој случај, ниту на Барса не им е лесно да најдат лев бек, но Ерера делува баш како примамлива мамка.