Пикантна честитка од АТП за новиот рекорд на Ѓоковиќ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ ја започна 311-тата недела на тенискиот врв и овој понеделник го собори рекордот на Роџер Федерер по бројот на недели на врвот на АТП-листата.

По објавувањето на најновата ранг листа со која Ѓоковиќ официјално го собори светскиот рекорд на Федерер, Асоцијацијата на тениски професионалци прво преку убав вовед на официјалната веб-страница ги потсети своите посетители на големината на успехот на Ноле:

„Овој 33-годишник, кој падна на 22-то место на 21.05.2018 и се врати на челната позиција на 5 ноември истата година, оттогаш помина 88 недели на врвот, во два наврати, завршувајќи ја минатата сезона на прво место по рекорден шести пат“. Сепак, овие зборови сами по себе не би биле чудни ако АТП не реши да вклучи целосно неочекувани сцени со придружно видео „во чест на рекордот на Новак“.

Асоцијацијата на тениски професионалци потсети не само како Новак Ѓоковиќ ја прослави првата титула, па и првиот Грен Слем трофеј, туку имаше и изјави на легендите од претходните тениски епохи – од Борг, Сампрас до Мекинро, Зборуваа и братот на Ноле, Марко, и трофејниот тренер Вајда. Но, кога требаше да се објави краткото обраќање на Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот тенисер во светот, АТП реши да го стори тоа со сцена од креветот, која Ноле и неговата животна сопатничка своевремено ја снимија како рекламен филм во врска со нивното запознавање.

Од илјадниците достапни фотографии на славната брачна двојка е избрана токму оваа сцена, што не е забележано досега во историјата на официјалната веб-страница на една голема спортска организација.