Владата денес ќе одлучува за повторно воведување на полициски час


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На денешната седница Владата ќе донесе одлука во врска со предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час од 22 до 05 часот наутро на територијата на целата земја.

Министерот Венко Филипче по вчерашната средба со Комисијата образложи дека овој предлог е поради тоа што изминатите недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерки за носење на заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.

Според здравствените власти, тоа што во земјава има зголемен број на заразени со коронавирусот се должи на фактот што се организираат прослави и собири во угостителски објекти, како и собири на отворено без почитување на мерките за носење заштитна маска и дистанца.Со одлуката за полициски час се прави обид да се минимизираат последиците од ваквите групирања.