Home Шоубизнис Синтија Никсон за љубовните искри меѓу Ада и д-р Харис во „Позлатеното доба“

Синтија Никсон за љубовните искри меѓу Ада и д-р Харис во „Позлатеното доба“

Синтија Никсон како Ада Форте во „Позлатеното доба“

Синтија Никсон ја коментираше сцената од „Позлатеното доба“ во која нејзиниот лик, Ада Форте, се среќава со д-р Реџиналд Харис, кого го игра Денис Хејзберт.

Во третата епизода од четвртата сезона, двајцата имаат краток разговор на свадбата на Пеги, но и во тие неколку мигови меѓу нив се чувствува привлечност.

Сцена од третата епизода од четвртата сезона на „Позлатеното доба“

„Тој е прекрасен човек, а тој глас, боже мој! Нашата режисерка Сали Ричардсон се сети на него. Мислам дека сакаше покрај Ада да стави некој навистина привлечен, знаете што мислам? Некој со магнетска привлечност, на кого едноставно не може да му се одолее и кој целосно ќе ја освои“, изјави Никсон за ТВЛајн.

Зборувајќи за поврзаноста меѓу ликовите, таа додаде: „Иако созреа и стекна поголемо животно искуство откако го презеде своето богатство и новото место во семејството, Ада сè уште ја има таа девојчинска невиност“.

А какви последици би можело да има нивното зближување во времето во кое се одвива приказната? „Мислам дека треба да си малку наивен за да продолжиш да ја развиваш таа врска, обидувајќи се да го игнорираш она што таа би значела не само за тебе лично, туку и за целото твое семејство“, рече Никсон.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Трупата на Акрам Кан со „Чото Деш“ во Белград, како дел од прошталната турнеја

Лондонската трупа на Акрам Кан ќе гостува на 24. Белградски фестивал на танцот со претстав…