
Татјана Али проговори за одлуката нејзиниот некогашен лик Роксана „Рокси“ Барингтон да се врати во „Млади и немирни“, но со друга актерка во улогата.
Али, која моментално се натпреварува во 35. сезона на „Танц со ѕвездите“, неколку години ја играше Рокси во сапуницата на Си-би-ес. Сега улогата ја презема Тетона Џексон.
Во разговор за „ТВ инсајдер“, Али рече дека, колку што ѝ е познато, никој од екипата на серијата не ја контактирал за повторно да ја толкува улогата.
Сепак, за Џексон имаше само пофални зборови, велејќи дека е сигурна оти таа е „одлична“.
„Во годините што ги поминав во ‘Млади и немирни’ бевме како мало семејство“, се присети Али. „Тетона ќе си помине прекрасно со Девон и семејството Винтерс. Тоа е навистина благослов!“
Али ја толкуваше Роксана од 2007 до 2013 година, појавувајќи се во 53 епизоди. Според последните случувања поврзани со ликот, Рокси го напуштила градот.
Покрај „Млади и немирни“, Али се појавила и во сериите „ЦИА“, „ФБИ“, „СВАТ“, „Сите мои деца“ и „Вил и Грејс“.
„Млади и немирни“ се емитува секој работен ден на Си-би-ес во 12:30 часот по источноамериканско и пацифичко време, а достапна е и на стриминг-платформата „Парамаунт плус“.
Извор: Just Jared