Патрик Махоумс и неговата сопруга Британи очекуваат уште едно момче. Квотербекот на Канзас Сити Чифс и Британи, двајцата на 31-годишна возраст, го открија полот на четвртото дете во заедничко видео објавено на Инстаграм во вторникот, на 17 ноември.
„Бебе број 4 🥹🤭“, напишаа покрај видеото, во кое се во кујна пред бела торта со ситни розови и сини украси.
Патрик не ја криеше широката насмевка по откривањето, а Британи од радост скокаше и ги креваше тупаниците во воздух. Во меѓувреме, членовите на семејството испукаа сини и златни конфети.
Потоа сопружниците се бакнаа и ги прегрнаа децата. Британи ја крена раката во воздух, додека Патрик го подигна Бронз високо пред камерите.
На крајот од видеото, децата лежеа меѓу паднатите конфети и со движења на рацете и нозете правеа „снежни ангели“. Мајката на Патрик, Ренди Махоумс, ја прегрна мајката на Британи, Дајана Линдеберг, по што целото семејство позираше за заеднички фотографии.
Британи и Патрик објавија дека го очекуваат четвртото дете во вторникот, на 10 ноември. „Уште еден благослов од Бога 🥹🙏🏼“, напишаа во заедничката објава на Инстаграм. „И така станавме шестмина 🤍.“
Два дена подоцна, на прес-конференција на Чифс, Патрик кажа дека се надева на момче. „Секако, благослов е што ни доаѓа уште едно бебе. Возбуден сум“, рече тој. „Се надевам дека јас и Бронз ќе успееме да го израмниме резултатот.“
Извор: US Weekly