Home Спорт Петте нови правила кои Чави ги воведува во Барселона

Петте нови правила кои Чави ги воведува во Барселона

Поранешниот игрaч за врска на Барселона Чави Хернандез седна на клупата на Каталонците после заминувањето на Роналд Куман.

„Подготвен сум, целиот мој живот сум сакал предизвици и ова сигурно дека е еден голем предизвик за мене и ќе се обидам да одговорам максимално. Благодарен сум на навивачите за поддршката која ми ја даваат овие денови. Се надевам дека можам да возвратам на вистински начин и заедно ќе победуваме. Не чека долг процес, меѓутоа очекувам набрзо да покажеме први знаци на напредок“, изјави Чави на претставувањето.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Чави веќе ги направил првите чекори како нов тренер. Тој ја променил докторската екипа и кондицискиот тренер. Покрај тоа вовел и пет нови правила со порака – „Ако ги почитуваме правилата, се ќе биде добро“.

Првото правило е што на играчите им се забранува патување за приватни обврски во текот на сезоната, тоа правило најмногу се однесуваше на Пике. Второто правило е тренинзите да бидат подолги и фудбалерите да поминуваат повеќе време заедно во тренинг центарот. Досега тие поминуваа само час ипол за време на тенингот.

Идејата е да се зголеми работниот ден на фудбалерите, да се воведе групен доручек и да се следи нивната исхрана. Тоа е рецепет кој Гвардиола го користеше во Барселона кога Каталонците беа најсилен тим во светот.

На играчите ќе им се забранат и приватни тренинзи, четвртото правило е да нема расправи околу стилот на игра, додека последното е поврзано со друштвените мрежи каде што фудбалерите ќе мораат повеќе да внимаваат што пишуваат и што објавуваат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…