СЗО предупредува дека во 2022 година може да има глобална криза за шприцови за вакцини


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


СЗО денеска предупреди дека во 2022-ра година би можело да дојде до недостиг на една до две милијарди шприцови потребни за давање на вакцина против Ковид-19.

Светската здравствена организација истакнува дека тоа би можело да влијае на рутинската имунизација и да ја загрози безбедноста на иглите.

Националните здравствени власти однапред би требало да ги планираат своите потреби за да избегнат “натрупување, панично купување” и слични ситуации видени на почетокот на пандемијата со недостигот на личната заштитна опрема, изјавил експертот на СЗО Лиза Хедман.

„Би можеле да имаме глобален недостиг на шприцови за имунизација, што за возврат би можело да донесе до сериозни проблеми како што се ослабување на напорите на имунизација, како и загриженост за безбедноста”, изјавила Хедман.

Недостигот, како што се додава, би можел да доведе до доцнење во рутинските вакцнации, посебно за децата, а исто така би можел да поттикне небезбедна повторна употреба на шприцови и игли, посебно во сиромашните земји. Глобално се дадени околу 6,8 милијарди вакцини против ковид-19, што е речиси двојно повеќе од бројот на рутински вакцини, изјавила Хедман, споредувајќи го тоа со вкупниот капацитет од околу 6 милијарди шприцови за имунизација годишно.

„Тоа значи дека светот би можел да се соочи со недостиг на два милијарди шприцови следната година”, изјавила Хедман.