Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Колега Скендер, ајде заедно да ја срушиме криминалната и делегитимирана влада, преку Фејсбук статус му порача координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, кој го повлече својот потпис од иницијативата за гласање недоверба на владата.
„Откако во петокот јасно и недвосмислено 61 пратеник се потпиша на иницијативата за недоверба на владата, хибридниот режим на власта започна со брутална кампања, со многу притисоци, закани и уцени да го гази човечкото достоинство и да го урива кредибилитетот на институцијата македонско Собрание. Колега Скендер Реџепи, да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа ве повикувам заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ. Да нема изговори зошто се потпишал овој или оној, бидејќи ова е гласање против хибридниот режим на СДСМ-ДУИ. Се надевам дека ќе застанете заедно со мнозинството на пратеници и ќе го сочуваме достоинството на пратеникот и угледот на македонското Собрание. Одлуката овојпат е многу поедноставна, овде не се гласа за идеологија, туку вистинското прашање дали ќе дозволиме да продолжи криминалот и корупцијата или заедно ќе ја реформираме нашата заедничка татковина“, напиша Мицевски на Фејсбук.