Пејтон е човек од народот: Му истури пиво на еден гледач и одма му порача ново


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


29 годишниот Гери Пејтон II, син на НБА легендата Гери Пејтон, член на Куќата на славните и НБА шампион од 2006, имаше интересна ситуација на клупата за резервни играчи.

Пејтон-помладиот играше во Вашингтон Визардс па во развојната Џ-лига, а сега е во Голден Стејт. На мечот против Индијана кој „воините“ го добија 102-100, Пејтон се одмораше зад клупата ама направи беља, турна пиво на еден од гледачите кои седеа во првиот ред, потпрено на ограда. Одма му порача ново пиво на гледачот.

Потоа и самиот Пејтон се извини на Твитер за „фаулот“ кој го направил на забавата од гледачите.