На Арктикот во 2020 година измерени рекордни 38 степени Целзиусови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светската метеоролошка организација (СМО) ја потврди температурата од 38 Целзиусови степени која на 20 јуни, 2020 година беше измерена во рускиот град Верхојанск, како нов рекорд на температура за Арктикот.

Верхојанск се наоѓа во источен Сибир, на околу 115 километри северно од Арктичкиот круг, и таму се следат метеоролошки податоци од 1885 година.

Според веб-страницата на СMO, просечните температури над Арктичкиот Сибир биле дури 10 степени над нормалата во поголемиот дел од минатото лето, што доведе до големи пожари.

Генералниот секретар Питер Талас изјави дека во 2020 година е поставен нов температурен рекорд (18,3 степени Целзиусови) и на Антарктикот.

„Истражувачите на СMO во моментов работат на проверка на температурните отчитувања од 54,4 степени забележани во 2020 и 2021 година во најтоплото место во светот – Долината на смртта во Калифорнија и да потврдат нов европски температурен рекорд од 48,8 степени на Сицилија ова лето”, изјави Талас.

Тој истакна дека СMO никогаш досега не работела толку симултано за во исто време да потврди толку многу температурни рекорди.