Штипскиот талент за математика, осмоодделенецот Дамјан Давков, освои злато на Јуниорската балканска математичка олимпијада –ЈБМО, чиј домаќин беше Молдавија. -Во нашиот тим членувале и Миша Веселински и Михаела Смилевска, под лидерство на професорите Делчо Лешковски и Борче Јошевски (заменик-лидер). Набљудувач на нашиот тим бил проф. Д-р Ѓорѓи Марковски. Екипата се натпреварувала виртуелно во просториите на Институтот за математика при Природно-математичкиот …