Дубаи станува светски центар за тргување со криптовалути


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најголемата светска берза за криптовалути „Бајнанс” (Binance) денеска соопшти дека потпишала договор за соработка со Светскиот трговски центар во Дубаи (DWTC).

Ден претходно, властите во Дубаи објавија дека имаат намера да го претворат DWTC во криптозона и регулатор на криптовалути и други виртуелни средства, како дел од напорите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) да привлечат нови бизниси.