Полициска акција во „Диво Насеље“ – уапсени цариници и полицајци


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полицајци и цариници се уапсени во рамки на денешната полициска акција во кумановската населба „Диво Насеље“. Акцијата се спроведува по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Полициската акција што денеска се спроведува на подрачја на Куманово и на Скопје е против група што се занимавала со недозволена трговија со наркотични супстанци.

Oд МВР потврдија дека на повеќе локации се вршат претреси поради сомнежи за трговија со дрога. Од МВР детали најавуваат за текот на денот.