Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Една година по напуштањето на Белата Куќа, бившата прва дама на САД, Меланија Трамп, се впушти во нов деловен потфат на пазарот на крипто уметност.
Меланија објави дека го продава првиот незаменлив токен (NFT), наречен „Melania’s Vision“.
Melania Trump launches NFT venture, promising ‘an amulet to inspire’ https://t.co/sJSXCOoV0I
— Guardian news (@guardiannews) December 16, 2021
Тоа е првото дигитално уметничко дело што Меланија го продава на нејзината нова платформа за незаменливи токени, на страницата MelaniaTrump.com. Станува збор за акварел на уметникот Марк Антоан Кулом, кој и` ги насликал очите, а вклучува и аудио снимка од Меланија Трамп, соопштено е од нејзиниот кабинет, пишува The Guardian.
Дигиталното уметничко дело ќе чини околу 150 долари и ќе биде достапно за купување до крајот на годината. Дел од приходите, како што е најавено, ќе бидат и за помош на децата од згрижувачки семејства.
NFT „Melanie’s vision“ нема да биде последното нешто што поранешната прва дама на Америка ќе се обиде да го продаде, бидејќи, како што најави, на таа платформа редовно ќе се објавуваат незаменливи токени. Платформата, инаку, ја лансира социјалната мрежа „Перлер“.