Над 2.000 цивили досега го загубија животот во окупираниот украински пристанишен град Мариупол, соопштија утринава локалните власти, пренесува ДПА. „Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, загинаа 2.357 луѓе“, соопшти градскиот совет на Мариупол. Југоисточниот украински град со околу 400.000 жители со денови е под опсада на руските војници и отсечен од остатокот од земјата. Украинските власти …