Татко на годината – од рудник право на кошарка со својот син


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Една топла и инспиративна фотографијата од натпревар во американската колеџ кошарка го обиколи светот, а ликот од истата стана вирален хит на социјалните мрежи.

Присутен гледач овековечил сјајна фотографија за односот татко-син кога го сликнал родителот дојден извалкан во опрема за рударење директно од смена.

Познатиот Џон Калипари, легендарниот тренер на Кентаки Вајлдкетс на својот Твитер профил во коментар над фотографијата напишал:

„Американскиот сон на моето семејство почна во Клаксбург, во рудникот за јаглен, така што оваа фотографија многу ме потсеќа на мојот дом. Она што ми го кажаа е дека овој човек по својата смена брзал дома за да го земе син му и да го однесе на натпревар. Не знам кој е, но имам спремни ВИП влезници за него и неговото семејство“, напиша Калипари на Твитер.

Новинарите од овој град брзо завратиле ракави и се пуштиле во потрага. Човекот се вика Мајкл Мекваер а син му Истон. Мајкл ради во рудникот за јаглен кај Апалачиан а на малиот Истон ова му бил прв меч на универзитетска кошарка. За Фокс ова го раскажала сопругата и мајка, Моли.

„Се слушнав со него кога се јави, ми кажа дека нема да има време за туширање зошто ќе пропушти голем дел од мечот со Истон. Купивме карти за да го гледаме овој натпревар, тоа беше прв Колеџ дуел во Кентаки на кој Истон некогаш присуствувал“, рекла сопругата на Мајкл.

А тој додал:

„Имав избор. Или веднаш да одам на мечот или да пропуштам цело полувреме, да одам дома и да се истуширам или да дојдам на време“.

Мајкл следниот ден веќе бил во рудникот и не забележал дека станал вирален светски хит по социјалните мрежи.