Home Актуелно Дали здружението кое го отвори македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград ќе биде избришано од регистар?

Дали здружението кое го отвори македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград ќе биде избришано од регистар?

Во Бугарија продолжуваат активностите за згаснување на граѓанското здружение што во неделата го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград и според одлуката на тамошниот суд, здружението ќе биде избришано од регистарот.

Според правосилната одлука, целите на Граѓанското здружение за заштита на основните индивидуални човечки права, кое е регистрирано во 2019 година, се спротивни на бугарските Устав и закони.

На страницата на бугарскиот централен регистар е наведено дека ова здружение има цели, меѓу другото, за заштита на правата на Македонците и на другите етнички малцинства во Бугарија, во согласност со Рамковната конвенција за заштита на малцинствата, а бугарскиот Устав не познава малцинства.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…