Ројтерс: Германија ѝ порачала на Србија дека ќе мора да одбере страна помеѓу Русија и ЕУ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Функционер од владата на Германија за Ројтерс изјавил дека Србија ќе мора да се одлучи дали ќе застане на страната на Русија или на Европската Унија. Иако Берлин повеќе пати го предупреди официјален Белград за гледањето кон исток, српската влада останува неутрална во однос на тензиите меѓу Москва и Западот.

„Потребата од одлука станува неопходна од аспект на геополитичките промени“, кажал неименуваниот германски функционер. Тој пред сè алудирал на конфликтот во Украина, и на одбивањето на Србија да воведе санкции против Москва, што Западот веќе некое време го бара од неа. Белград и Москва во септември дури потпишаа договор за проширување на соработката околу надворешната политика.

Прифаќањето на ставот на Брисел во однос на глобалната политика е предуслов за влегување во Европската Унија, пишува британската агенција. Србија е кандидат за членство од 2009 година. Доколку српскиот претседател Александар Вучиќ го повлече својот договор со Москва и се сврти кон ЕУ, Берлин ќе ја даде својата поддршка, изјавил германскиот функционер за Ројтерс.

„Доколку се реши да отиде во другата насока, тогаш тоа ќе има негативни последици“, објаснил тој.

Делегации на земјите од Западниот Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија – треба да се сретнат во Берлин оваа недела.

Минатиот месец, Вучиќ кажа дека Германија и Франција се понудиле да го „забрзаат“ патот на Србија до членство во ЕУ доколку ја признае независноста на Косово.

„Тие мислат дека ова ќе реши еден од внатрешните проблеми на Европа, но Србија нема да прифати членство на Косово во ОН и поради уставните пречки и од други причини“, кажа тогаш српскиот претседател во своето обраќање до јавноста.