Сончева и топла среда


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Денеска, среда, 2. ноември, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност попладне. Ќе дува слаб северозападен ветер. Дневната температура во Скопје ќе достигне до 25 Целзиусови степени, Маврово 21, Охрид 23, Битола 25, Крива Паланка 24, Берово 23, Кавадарци 26, Дојран 28.

Утре ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во Скопје сончево и топло со мала облачност . Ќе дува слаб северозападен ветер. Во петок времето ќе биде облачно, а од сабота се очекуваат повремени врнежи од дожд и пад на дневните температури.