Home Актуелно Нов мејл со закани за бомби во скопските училишта

Нов мејл со закани за бомби во скопските училишта

Нов мејл со дојава за поставена бомба добила скопската гимназијата „Никола Карев“.

Како што пренесува „Локално“, на учениците им било кажано да си заминат од училиште, а на родителите им била испратена порака од класните раководители дека децата се испратени дома.

Од МВР информираат дека на меил адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

-Денеска (02.11.2022) во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на меил адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информирале од МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…