Фудбалската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ сними интересна реклама со легендарната американска актерка Џејн Фонда за шведската компанија H&M.
Фудбалската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ сними интересна реклама со легендарната американска актерка Џејн Фонда за шведската компанија H&M.
Парламентот на Холандија изгласа резолуција со која ќе го блокира влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната. Гласањето во холандскиот парламент се случи два дена откако Европскиот парламент усвои резолуција да им се дозволи на двете источноевропски земји да ѝ се приклучат на зоната без граници. Со резолуцијата, холандските пратеници побараа од премиерот Марк Руте да стави вето на …
Просечната исплатена нето-плата по вработен во Македонија, во август годинава, изнесувала 31.871 денар и е за 11,3 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната плата во секторите: Преработувачка индустрија (16.2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.1 %) и Уметност, забава и рекреација (15.6 …
На 26 октомври (среда) во НУЦК Марко Цепенков – Прилеп ќе се одржи ОПЕРСКИ ГАЛА КОНЦЕРТ на солистите при Националната опера и балет, со почеток од 20 часот. Настапуваат: Павлина Н. Ѓеорѓиева, Елена Голомеова, Невен Силјановски, Катерина Стојановска, Соња Пендовска – Мадевска и Александар Стефановски. Уметнички соработник (пијано): Јанинка Невчева. Влезот на концертот е слободен. Концертот е поддржан од Министерството …
Љубовта помеѓу 31-годишната Евгенија Емералд и Евгени Стипанек пламнала на фронтот по избивање на руско-украинскиот судир. Парот се венчал во шума во близина на Харков, каде во моментов се водат едни од најжестоките битки. Нивната венчавка го привлече вниманието на светските медиуми, особено поради фактот што невестата е снајперист. Невестата по церемонијата, на која сватови се другарите од војната, ја …
Инцидентот се случил на автопатот 405 во близина на Мулхоланд Драјв во Лос Анџелес кога колона возила биле снимени во лентата за застанување. На сите возила во исто време им биле дупнати гумите, а како што покажува видеото, многумина се обидуваат сами да се снајдат, односно оние со само една дупната гума. Како што дознава „Ewitness News“, 36 возила биле …
Во вербалната нота која македонското Министерство за надворешни работи ја упати до официјална Софија преку бугарската амбасада во Скопје се вели: Изразуваме крајно незадоволство од содржината на изјавата на пратеникот и лидер на политичката партија Воздраждане (Преродба) Костадин Костадинов во која јавно изразуваат иредентистички и територијални претензии кон Македонија. „Го повторуваме апелот дека ваквите изјави се директно спротивни на интенцијата …
Денешниот октомвриски петок во Македонија носи претежно сончево време, утрото студено со слаба магла или ниска облачност по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 21 Целзиусов степен. Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен …
Жешката Русинка Наталија Красавина на социјалните мрежи многумина ја сметаат за девојката со најубав задник на социјалната мрежа Инстаграм. 23 годишната Наталија е фитнес модел која уште многу млада, во тинејџерските денови поради својата убавина започнала да заработува одлично како манекенка. Потоа Наталија станала и диџеј, а сега е една од најпознатите инфлуенсери, но има и свој профил на OnlyFans. …
Со барање за исплата на септемвриските плати, вработените во Македонски Пошти втор ден штрајкуваат пред сите подружници на компанијата низ целата земја. Платите им доцнат 5 дена, а велат 2.200 семејства се во исчекување на овие средства. Доколку парите не ги добијат до вторник, ќе излезат на протест пред Владата. Дали нивното барање ќе се изреализира до вторник е неизвесно, …
Со доаѓањето на есента, бронзената сенка за очи се издвојува како еден од водечките трендови во шминкањето. Елегантна и нежна, а сепак доволно впечатлива за да го освежи изгледот, таа е сè попосакуван избор и за дневна и за вечерна шминка. Инспирирана од тоновите на чоколадото, бакарот и кафето со млеко, оваа нијанса внесува топлина и софистицираност.