Венчавка на фронтот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Љубовта помеѓу 31-годишната Евгенија Емералд и Евгени Стипанек пламнала на фронтот по избивање на руско-украинскиот судир.

Парот се венчал во шума во близина на Харков, каде во моментов се водат едни од најжестоките битки. Нивната венчавка го привлече вниманието на светските медиуми, особено поради фактот што невестата е снајперист.

Невестата по церемонијата, на која сватови се другарите од војната, ја соблекла венчаницата, облекла униформа и повторно се вратила на положбата снајперист.

Пред избивањето на војната, Евгенија работела во златарница, а од претходниот брак има ќерка. Таа се пријавила во војската и била обучена за снајперист поради острото око и мирната рака.

Таа на нејзиниот профил на Инстаграм сподели фотографија од венчавката со натпис:

-Денеска и официјално станав жена на војник. Не можам да замислам посовршена венчавка. Разбираме дека секој ден може да биде последен и не сакаме да го одложуваме животот за подоцна. Ја славам својата љубов и својот маж, кому денеска му е роденден. Сигурно никогаш нема да ја заборавам нашата годишнина од брак. Слава на хероите!

Иако се венчаа во виорот на војната, невестата носи долга бела венчаница со изразено деколте и шлиц, а на нозете носи војнички чизми. На главата носи скромен вел, а наместо бидермаер во рацете држи класје жито.

Оваа невеста која позираше со венчаница и автоматска пушка набргу стана симбол на украинскиот отпор, па западните медиуми ја споредуваат со познатата француска хероина Јованка Орлеанка.