Петочна и викенд временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешниот октомвриски петок во Македонија носи претежно сончево време, утрото студено со слаба магла или ниска облачност по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 18 степени.

Ќе се задржи претежно сончево време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во сабота претпладне магла и ниска облачност се очекува на повеќе места. Од недела ќе биде значително потопло.