Просечната исплатена нето плата во Македонија во месец август изнесувала 31.871 денар


Меси против Левандовски -11 ден ↓↓↓



Просечната исплатена нето-плата по вработен во Македонија, во август годинава, изнесувала 31.871 денар и е за 11,3 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната плата во секторите: Преработувачка индустрија (16.2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.1 %) и Уметност, забава и рекреација (15.6 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, пак, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.1 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.8 %) и Рударство и вадење на камен (3.1 %).