Фудбалската репрезентација на Украина ќе игра против Велс во финалето од плејофот за пласман на Светското првенство во Катар. Украина се пласира во финалето од баражот откако вечерва на „Ајброкс“ ја совлада Шкотска со 1:3, во првиот официјален меч од почетокот на војната. Мечот во Глазгов започна со емотивно оддавање почест на сите загинати во војната, а потоа Украинците покажаа …