Home Актуелно Пале Илиоска нема да одговара за убиството на насилниот партнер

Пале Илиоска нема да одговара за убиството на насилниот партнер

Согласно одлуката на скопското вишо обвинителство, велешанката Пале Илиоска ќе остане на слобода и нема да одговара за обвинението за убиство на невенчаниот сопруг кој ја малтретирал подолго време. Скопското вишо обвинителство ја оцени како неоснована жалбата на велешкото обвинителство по ослободителната пресуда за Илиоска.

Илиоска со нож во гради успеа да се одбрани од насилниот невенчан сопруг кој вечерта на злосторството ја тепал и влечел за коса. Обвинителството ја гонеше за убиство во миг, но судот во Велес ја ослободи Пале од казна.

И покрај замерките на стручната јавност, велешкото обвинителство поднесе жалба на ослободителната пресуда, но вишото обвинителство смета дека таа е неоснована. Правосилната одлука треба да се потврди во скопскиот апелационен суд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…