Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев најави дека со реализација на проектот за отворање на нов граничен премин Пуљевац, од Кавадарци до Грција ќе се стигнува за околу еден час. „Очекувам овој значаен проект да биде готов најдоцна за три години“ – изјавил за „Фокус” Јанчев. Тој вчера одржа состанок со членовите на Комисијата за отварање на нови гранични премини на Македонија …