Home Мода и убавина Зошто сите тренди девојки одеднаш носат црвени чевли? Тренд што го подобрува секој аутфит за секунди

Зошто сите тренди девојки одеднаш носат црвени чевли? Тренд што го подобрува секој аутфит за секунди

Ако овие денови насекаде забележувате црвени балетанки, мокасини и салонки, нема да се изненадите што причината не е случајна.

Модниот свет е опседнат со трендот Unexpected Red Theory – едноставна стилска формула која тврди дека еден неочекуван црвен детаљ може да ја трансформира целата комбинација.

И навистина, доволно е покрај класични фармерки, бела блуза и сако да додадете црвени чевли и обичниот аутфит веднаш изгледа поскапо, помодерно и многу поинтересно. Токму затоа инфлуенсерки, модни уредници и улични стилски ѕвезди оваа нијанса ја прогласиле за најпаметен моден трик на сезоната.

Црвената боја носи енергија на самодоверба, луксуз и став, но кога се користи во мала мера, таа делува шик, а не нападно. Затоа црвените чевли станаа совршен избор за оние кои сакаат ефект без премногу труд.

Најдобро функционираат покрај неутрални тонови како бела, сива, беж, тегет и црна. Лакираните Mary Jane чевли даваат ретро гламур, додека антилоп мокасините делуваат елегантно и урбано. Дури и наједноставното фустанче со нив добива комплетно нова вибрација.

Важното правило? Не усогласувајте сè. Со црвените чевли нека остане чантата неутрална, бидејќи поентата е црвената да изгледа спонтано и неочекувано. Еден пар црвени чевли оваа сезона прават повеќе отколку цела нова гардероба.

Во галеријата погледнете инспиративни предлози.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Летни микро-трендови: 7 стилски детали кои веќе ги носат најмодерните жени на сезоната

Летото сè уште нема официјално започнато, но модната сцена веќе има јасни сигнали за тоа ш…