На 11.8.2022 полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.Т.(35) од Кавадарци. Тој на локалниот пат Дреново – Кавадарци со своето патничко возило „фиат пунто“ со кавадаречки регистарски ознаки, му го попречил патот на Л.М.(22) од Кавадарци, кој се движел со патничко возило „голф“, со кавадаречки регистарски ознаки и физички го нападнал. Д.Т. е приведен во Полициската станица …