619 регистрирани случаи на Ковид-19 во Македонија во последните 24 часа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од направени 1.253 тестови во последните 24 часа во Македонија се регистрирани нови 619 случаи на КОВИД-19: Скопје – 265, Битола – 41, Охрид – 32, Куманово – 31, Велес и Струмица – по 22, Тетово и Кавадарци – по 21, Неготино – 19, Прилеп – 18, Штип – 16, Гостивар и Кочани – по 14, Струга – 12, Кичево и Гевгелија – по 11, Ресен – 7, Свети Николе и Берово – по 6, Радовиш, Делчево и Богданци – по 5, Крива Паланка – 4, Дебар – 3, Кратово и Македонски Брод – по 2, Валандово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (619), регистрирани се 127 реинфекции.

Регистрирани сe 803 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 4 починати лица од: Охрид (94г), Битола (80г), Куманово (84г) и Штип (72г). Две лице се починати во болнички услови и две во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 30.07 – 03.08.2022 година.

Бројот на активни случаи изнесува 3.905.