Обвинителството му го одзеде пасошот на Жан Митрев – ако се докаже вина „му висат“ од 1 до 10 години затвор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од страна на Основното јавно обвинителство на д-р Жан Митрев му беше одземен пасошот, а му зе закануваат од една до 10 години затвор, ако Oбвинителството докаже дека ги измамил пациените во неговта клиниката, лечејќи ги од ковид 19, со системот на хемофилтрација.

Кај обвинителот Гаврил Бубевски, кој го води овој случај, познатиот кардиохирург се појави по претходна покана за распит, осомничен за кривичното дело измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Кривичното дело за кое се терети Митрев било сторувано повеќе од две години.

-Осомничениот, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од КОВИД 19 со методот на хемофилтрација, велат од ОЈО.

Околу најновите случувања се огласи и Клинката Жан Митрев. Од таму велат нивниот сопственик бил поканет и уредно се појавил во Обвинителството, а за понатамошниот развој ќе информирале соодветно.

-Клиника Жан Митрев и сега и понатаму целосно соработува со институциите за кои и да било случај. Ние како Клиника досега, а и понатаму работиме целосно транспарентно и во интерес на пациентите. Овој однос не е само кон надлежните институции и тела во државата, туку е и кон нашите пациенти. Знаејќи ја вистината и водејќи се според високите стандарди на работа ќе помогнеме за откривање на фактичката состојба и ги ставаме на располагање сите наши материјални и човечки капацитети за да излезе вистината во јавноста, велат од клиниката.

Оваа кривична пријава доаѓа по истражувањето на ИРЛ, кое се базира на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово кои се истражувале и верификувале речиси две години.

Методот на хемофилтрација во клиниката на „Жан Митрев“ се наплаќал од три до пет илјади евра, сведочат пациентите. Велат дека биле приморани да продаваат и имот за да спасат живот, но бадијала, дел станале и без пари, и без човек.