Home Актуелно Му го попречил патот со возилото, па физички го нападнал

Му го попречил патот со возилото, па физички го нападнал

На 11.8.2022 полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.Т.(35) од Кавадарци.

Тој на локалниот пат Дреново – Кавадарци со своето патничко возило „фиат пунто“ со кавадаречки регистарски ознаки, му го попречил патот на Л.М.(22) од Кавадарци, кој се движел со патничко возило „голф“, со кавадаречки регистарски ознаки и физички го нападнал.

Д.Т. е приведен во Полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…