Официјалните извори од Белата куќа потенцираа дека американскиот претседател Џо Бајден воопшто не планира билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во ноември на индонезискиот остров Бали, а неговиот руски колега кажа дека сè уште размислува дали да присуствува. Американскиот претседател „воопшто не намерава да се сретне со Владимир Путин“, кажа денес неговиот советник за национална …