„Сe ладат“ на гости кај Груби (фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот вицепремиер во македонската Влада, Артан Груби, попладнево се пофали на својот фејсбук-профил со фотографии направени во неговата канцеларија во Министерството за политички систем.

Но, овојпат фотографиите беа малку поразлични и неформални. Она што може да се види е како Груби, заедно со останатите министри од ДУИ, се рекреираат во просториите на министерството каде има мал пластичен гол, фудбалска топка, а поставена е и кош табла.

„Дрим тим. По долг и предизвикувачки ден, придружна антистрес дружба за одбележување на заедничкиот успех. Денес е голем ден!“, пиша Груби во описот на фотографиите.

Груби е во друштво на актуелните министри Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири, како и нивниот доскорешен колега Насер Нуредини.

Груби во објавата не споменува зошто денешниот ден е голем, но пред оваа антистрес дружба министрите беа на владина седница каде се одобро склучувањето на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10-д. За ова Груби во претходните објави напиша дека е „историски ден“.