На 12 јуни со театарски спектакал на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп ќе почне 50-то, јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, соопшти денеска на прес-конференција селекторот и уметнички директор на Фестивалот Петар Темелковски. Во официјалниот дел на фестивалската програма и во трката за награди се 13 претстави на македонските професионални театри. Фестивалот ќе трае од 12 до 19 …