Home Вебкафе Во обид да направи селфи, уништи скулптура стара 400 години

Во обид да направи селфи, уништи скулптура стара 400 години

Бразилски турист кој се обидувал да направи селфи во музејот во Лисабон превртел и уништил скулптура од 18 век.

Станува збор за скулптура на Свети Архангел Михаил, изложена во Националниот музеј за древна уметност во Лисабон. За време на слободната посета, туристот од Бразил, чие име не е откриено бидејќи се води истрага за случајот, се обидел да направи селфи и во тој момент на подот ја турнал споменатата скулптура која при падот се искршила на неколку парчиња.

10-11-skulptura1

Фотката од искршената статуа ја направи Нуно Мигел Родригес и истата набрзо беше вирално споделувана на социјалните мрежи. Заменик директорот на музејот, Жозе Алберто Сеабра Карваљо изјави дека музејот работи долго време и никогаш досега им се нема случено вакво нешто.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе

Напишете коментар

Check Also

Љубовната приказна на Џулија Робертс и Метју Пери – од флерт преку факс до легендарната епизода на „Пријатели“

Во златната ера на холивудската телевизија, на сетот на култната серија „Пријатели“, се ро…