Home Вебкафе Од колата му украле едно Kit-Kat – компанијата му ја наполни цела кола со чоколада

Од колата му украле едно Kit-Kat – компанијата му ја наполни цела кола со чоколада

Компанијата Hershey, која ги произведува популарните Kit-Kat чоколада, пријатно го изненади студентот на државниот универзитет во Канзас, Хантер Џобинс, подарувајќи му 6.500 чоколади Kit-Kat.

Џобинс за новинар од локалниот весник The Wichita Eagle ја раскажа приказната како се случило сето тоа. Некој од неговиот незаклучен автомобил паркиран пред студентскиот дом му зел чоколатце Kit-Kat и му оставил покара зошто го направил тоа. На тоа веднаш реагирале од Hershey.

10-11-kit-kat-student1

„Автомобилот го оставив отклучен бидејќи брзав, а кога се вратив на местото каде што ми стоеше чоколатцето, најдов порака во која пишуваше: Ги обожавам Kit-Kat чоколатцата. Видов едно во твојот автомобил, проверив дали е отклучена вратата – не беше, па не можев да одолеам и го зедов чоколатцето. Извини, бев гладен“.

Џобинс пораката ја фотографирал и ја објавил на Твитер, преку социјалните мрежи приказната стигна до некој од челниците на Hershey, па тие брзо реагираа на тоа користејќи ја ситуацијата за добар маркетиншки потег и буквално му го наполнија автомобилот на Џобинс со Kit-Kat чоколатца, вкупно 6.500 на број. Тој нив ги подели со своите колеги, а објави и фотка од автомобилот полн со чоколатцата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе

Напишете коментар

Check Also

Дали само изгледаш „добро“ за Инстаграм? Вистината за рутината за самогрижа која никој не ја објавува

Во ерата каде што сè е естетски совршено – од утринските рутини до „мирните вечери со свеќ…