Синоќа повторно било оштетено стаклото на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Инцидентот се случил околу 19 часот при што било искршено стаклото од надворешната врата и од излогот на канцеларијата. Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски оштетувањето било предизвикано и со оружје. За настанот бил известен јавен обвинител од ОЈО Охрид, по чии насоки се преземаат мерки …