На скопскиот плоштад повторно пропадна камион – возачот беше приведен


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Камионот утрово повторно пропадна на на плоштадот „Македонија“ во Скопје а од Град Скопје информираат дека истиот немал дозвола за движење на плоштадот.

„Возило на приватната компанија, чиј камион неовластено влегол на плоштадот ‘Македонија’, по што причинил материјална штета, нема дозвола за движење на плоштадот, иако има поднесено такво барање. Возачот, странец, државјанин на Турција е приведен и изведен пред суд. За овој настан МВР ќе поднесе и соодветен поднесок“, се вели во соопштението на Градот.

Оттаму посочуваат дека по извршениот инспекциски увид е издадена санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, во спротивно ќе следува прекршочна и кривична пријава.