Германија на колена – Јапонците ја приредија втората сензација на Светското првенство во Катар (снимка)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После вчерашната сензација на Саудиска Арабија против Јапонија, денес на Мундијалот во Катар видовме уште едно големо изненадување – Јапонија ја победи Германија!

Германците во овој Мундијал влегоа со желба да се „извадат“ за последните години кога потфрлуваа на големите настани и не беа онаа Германија која сите ја знаевме во минатото, сепак стартот во Катар не ветува.

Иако во поголем дел од натпреварот Германците создаваа шанси, се играше пред голот на Јапонија, но изостана реализацијата од игра. Голот за водство Германија го постигна во првото полувреме од пенал преку Гундоган.

Кога не ги искористија приликите за гол, Јапонија почна да притиска, селекторот на Јапонците направи пет измени и тргнаа на се или ништо. Изедначувањето стигна во 75. минута преку Доан, а потоа поранешниот играч на Партизан и актуелен играч на Бохум, Такума Асано на одличен начин упсеа да погоди за целосен пресврт.