Home Актуелно По одлука на македонската Влада Онишченко останува без македонско државјанство

По одлука на македонската Влада Онишченко останува без македонско државјанство

Согласно членот 14 од Законот за државјанство, Владата денеска побара започнување на процесот за поништување на решението за прием во државјанство на Македонија за лицето Олександер Онишченко, информира владината прес-служба.

„Владата го иницираше барањето за одземање на државјанство на Онишченко, по одржаната владина седница на којашто Агенцијата за национална безбедност информираше за случајот“, се додава во соопштението.

Украинскиот државјанин Онишченко, кој се наоѓа на „црната листа” на САД поради неговите врски со руските власти, доби македонско државјанство како спортист во еквестријан на предлог на Коњичката федерација. Одлуката за доделување македонско државјанство на Онишченко ја донесе Владата, по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.

Според претходните најави, денеска на затворена владина седница за случајот со доделувањето на македонско државјанство на Онишченко, извештај требаше да поднесе директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека мора да се утврди одговорност за случајот. Тој потсети дека државјанството било издадено врз основа на четири позитивни мислења доставени на седница на Влада од четири различни институции.

Според Ковачевски, одговорност за случајот мора да има и оти тоа е работа на анализата, односно истрагата која што веќе и се спроведува. Во АНБ, според медиумите, се суспендирани двајца службеници поради пропуст во проверката на Онишченко.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…