И денеска во Македонија променливо време со облаци и сонце


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И денеска, четврток, 24. ноември, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со умерен северозападен ветер. Дневната температура во Скошје ќе достигне до 9 Целзиусови степени, Маврово 5, Охрид 11, Битола 12, Крива Паланка 7, Берово 8, Кавадарци 13, Дојран 15.

Утре наутро ќе биде студено со минусни температури. Претпладне променливо облачно, во текот на денот со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец, дневните темпаратури од 6 до 14 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.