Првиот блок на РЕК Битола синоќа во 22 часот беше исклучен од мрежа и не е во функција – информацијата на брифинг со новинарите ја соопшти првиот човек на МЕПСО, Орхан Муртезани. МЕПСО добиле информација дека исклучувањето е планско, но засега не се знае кога ќе биде вратен во мрежа. Во неделата ноќта и ТЕЦ Осломеј беше исклучена од мрежа.