Претппладне магла, попладне сонце


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И денеска, четврток, 5. јануари, времето во Македонија биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку денот краткотрајно ќе се намалат. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, која преку денот делумно ќе се намали, а дневната температура ќе достигне до 4 Целзиусови степени. Маврово и Охрид 10, Битола 6, Крива Паланка 11, Берово 14, Кавадарци 6, Дојран 13.
Утре ќе имаме сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието наутро ќе има појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, која во текот на денот делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Дневните температури ќе се движат од 8 до 15 степени.