Home Актуелно Убиство како на хорор филм: Осум мртви тела, од кои пет биле деца, пронајдени во куќа во Јута

Убиство како на хорор филм: Осум мртви тела, од кои пет биле деца, пронајдени во куќа во Јута

Американско семејство од тројца возрасни и пет деца е пронајдено убиено во куќа во американската сојузна држава Јута, јавува Си-ен-ен.

Полицијата дошла да ја провери куќата во Енох Сити и ги нашла телата застрелани. Официјалните лица не кажаа кога се случиле смртните случаи или што довело до пукањето. Тие не прецизираа ниту во каква врска биле членовите на семејството. Истрагата е сè уште активна. Месната заедница жали за смртта на семејството.

„Тешко е да се искажат со зборови емоциите што минуваат низ луѓето што живеат овде. Сите го знаеме ова семејство. Многумина од нас служеа со нив во црквата и во заедницата. Ја чувствуваме загубата и болката. Луѓето имаат многу прашања и се тука да понудат поддршка“, рече менаџерот на градот Роб Дотсон.

Ќе биде потребно време да се утврди што се случило во куќата. Истражителите од Енох Сити и Сидар Сити работат заедно за да најдат одговори.

„Нашето срце е со сите оние кои се погодени од ова бесмислено насилство. Ве молиме да ја задржите заедницата Енох во вашите молитви“,

рече гувернерот на Јута, Спенсер Кокс.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…